Петнаесет полицајци се повредени од кои петмина потешко, во денешните инциденти на границата со Грција. Од МВР информираат дека мигрантите кои денеска се обидоа да ја преминат границата и да влезат во Македонија, повредиле полицајци, а воедно и причиниле материјална штета на возила и полициска опрема од нападите со камења.
Ситуацијата е под контрола, откако македонската полиција утрово реагираше со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во земјава. Од МВР потенцираат дека засиленото полициско присуство останува на јужната граница и вечерва за да се спречат нови инциденти.