(Видео) Пемова со прашање до Китев: Зошто ве чува полиција ако политиките кои ги спроведувате се добри?

Сметам дека денес е правото време да одговорите и пред македонската јавност и пред нашите сограѓани Кавадарчани. Прво што сакам да ве прашам е зошто ве чува полиција и тоа 24 часа на ден, ако политиката што ја води оваа влада е во ред.

Тоа да им го објасните на нашите кавадарчани кои ви го дадоа гласот, му порача пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова на пратеникот од СДСМ Бетијан Китев. Таа додаде дека тој гласал за промена на уставното име на Република Македонија, прашувајќи го како можел тоа да го направи кога во Кавадарци на референдумот гласале само 9.600 граѓани од вкупно 32.000 граѓани кои имаат право на глас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.