(Видео) Пат околу светот со велосипед: Единственото друштво му е мачката Нала

Велосипедистот Дин Николсон лесно можете да го забележите- за неговиот велосипед е закачена мала приколка со знамето на Шкотска. Друштво му прави мачката Нала, а заедно го поминале половина свет.

Oд велосипедот се слуша гласна музика, а неговиот сопатник е малата тигреста мачка Нала. Нала знае што сака, а овој необичне тандем е на пат околу светот. Позади нив се 24 држави, бидејќи своето патување не го започнале заедно.

Дин тргнал заедно со својот другар Рики. По три месеци патување исполнето со забава и лоша организација, Рики се откажал. Освен тоа, Дин се задржал во Босна и Херцеговина поради повpeда на лигаментите додека го преминувал мостот во Мостар.

“На почетокот од декември возев од Босна и Херцеговина кон Црна Гора. Ми остана уште малце до границата кога слушнав гласно мјаукање. Во една стара планинска колиба видов мало маче како ме довикува. Беше прегладнето, па му ја дадов последната храна што ја имав со себе”.

Одлучил да ризикува и да го поведе мачето со себе преку границата. Мачката морало да остане тивка и мирна додека Дин ги покажувал документите на граничната полиција. Во Црна Гора тој посетил ветеринар, а Нала добила и исправа и пасош.

“Како го смислив нејзиното име? Мораше да биди Нала, како лавицата од цртаниот филм “Кралот лав”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.