(Видео) Откритие кое менува се што знаеме за еволуцијата: Пронајден кит со четири нозе, еве што значи тоа

Фосил на кит со четири нозе, стар 43 милиони години, е пронајден во Перу.

Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги 4 метри, биле прилагодени за живот и во вода и на копно.

Со четири екстемитети имал способност да ја носи својата тежина и големата опашка.

Истражувачите веруваат дека ова откритие би можело да ја расветли еволуцијата за китовите и како тие се ширеле.

“Ова е цел примерок на четвороножен кит”, вели Оливије Ламбер, научник од Белгија.

Древниот кит е пронајден во морските седименти во близина на брегот на Пацификот, во местото Плаја Меди Луна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.