Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој до сега не сакаше да ги засили рестриктивните мерки во вториот бран на пандемиjaта од Koвид-19, соопшти дека во среда се воведува делумен кapaнтин во земјата.
Ќе бидат забранети сите собири, ќе се затвораат рестораните, културните и забавните настани се откажани и ќе се воведи полициски час кој ќе започнува од 20 часот до 5 часот на утро, рече Орбан во видео обраќањето објавено денес на Фејсбук, пренесува агенцијата Франс Прес.