(ВИДЕО) Октет Прилеп и Викторија Стојческа – “Дигни си Маре мори очите”: Прилепска изведба за срце и душа!

Октетот “Прилеп” синоќа во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, пред бројна публика го одржа својот годишен концерт.

Прилепчани уживаа во звуците на староградската музика и аплаудираа после секоја изведба.

Гостин на концертот беше и младата вокалистка Викторија Стојческа, дипломиран соло пејач на Музичката академија во Скопје.

Особено прекрасен впечаток остави изведбата на песната “Дигни си Маре мори очите”, каде Викторија ги покажа своите раскошни гласовни способности и талент за музика.

Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот “Илинденски денови” се закити со награда за најдобра интепретација на староградска музика.

Досега има издадено неколку албуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.