Таихеи Кобајаши, од спиење на улиците во Токио станал сопственик на технолошки “стартап” чија вредност надминува милијарда долари.
Неговата приказна е меѓу наијнтересните што произлегле од големиот број мали фирми во Јапонија. Компанијата на Кобајаши, која им помага на другите мали компании да креираат нови претпријатија и производи, излезе во јавност во јуни оваа година и од тогаш добивката на фирмата значително се зголемила.
Ова е исход за кој не можел ниту да сонува пред десет години. Како што вели Кобајаши, родителите го избркале кога имал само 17 години, кога го напуштил престишното училиште за да се посвети на работата со својот бенд. Преку ден пуштал музика и главно спиел на отворено, користејќи картонски кутии за греење во ладните зимски ноќи. Бил бездомник 18 месеци.
“Зимата беше ладна”, вели Кобајаши (37) за своето искуство на улица. “Имаше моменти кога животот ми беше пekoл. Но ги преживеав тие времиња”.
Според Кобајаши, неговите родители не ја прифатиле одлуката да го напушти средното школо. Планирале поразличен живот за него.
“Ми рекоа да си ода, па си заминав, и тоа беше тоа”, вели тој. “Сакав да го живеам својот живот, работејќи го она во што уживам”.
Улицата ја напуштил кога почнал да работи во ноќен клуб, но на крај одлучил дека е време да продолжи со животот. Најпрво заработил тргувајќи со музички плочи. Потоа се пријавил на оглас за кој не било потребно работно искуство, но требало да направи тест.
На големиот испит биле проверувани неговите математички вештини, логичко размислување и коефициент на интелегенција. Кобајаши го положил испитот и започнал да работи во фирмата, која го обичила за софтверски инженер.
Така го запознал Макото Хираи, еден од основачите на “Sun *”. Тие двајца одлучиле да отворат компанија и тука започнала пресвртницата во неговиот живот.