Пред неколку дена во Хабровската област во Русија падна огромен метеорит, кој се удрил на врвот од вулканот и се срушил во коритото на реката. Властите ја исклучуваат можноста за прогласување на вонредна состојба, соопшти Алексеј Маслов.
“Судејќи по она што го гледаме, метеоритот бил огромен. На лице место се упатени две групи: една од Вернјебурејинскиот регион, а другата од Амурската област. Тие имаат сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијација”, изјави Маслов.