На ист начин како и сицилијанскиот град Самбук ди Сицилија кој продава куќи за 1 евро, друг италијански град нуди 9.000 евра само да се преселите во него.
Пред да ги спакувате куферите и да тргнете за Локана, постојат неколку услови.
Секој што сака да живее во овој град мора да има дете и плата од минимум 6.000 евра.
Градоначалникот на алпското градче Локана, Џовани Матиет, ја спроведе оваа кампања поради намалувањето на популацијата од 7.000 жители во раните 90-ти, до 1.500 жители денес.
Понудата за живот во напуштените куќи важеше само за италијански државјани, а денес оваа понуда важи за сите останати. Градоначалникот се надева дека ќе привлече млади луѓе кои ќе се доселат.