(Видео) Овие две европски држави би можеле да станат новите жаришта на коронавирусот: Ситуацијата се влошува побрзо отколку во Италија и Шпанија

Статистиката покажува дека Велика Британија и Франција во чекор ги следат Италија и Шпанија.

Со 51.608 заразени и 5.373 починати, Британија се наоѓа на осмото место на најпогодени дрѓави во светот, но наскоро може да биде европскиот епицентар.

“Sky news” објави графикон на смртни случаи по дрѓави, на кои се гледа растот на смртноста во најпогодените земји по пријавените први 100 случаи.

Првите десет дена по првите 100 жртви, британска “крива” на смртни случаи била под италијанската и шпанската, што било охрабрувачки знак, но потоа се случува пресврт.

Франција е петта држава која ја престигна Кина во бројот на заболени и третото најголемо жариште во Европа, а потоа започна да брои рекордни броеви на жртви.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.