(Видео) Оваа икона на Мајката Божја три пати ја спасила Русија: Денес Русите и сите православни христијани ја прославуваат Богородица Владимирска

Иконата Богородица Владимирска e eдна од најпочитуваните и најсветите икони на Православната црква и најпознат пример за византиска уметност.

Ова е една од најкопираните икони, а многу од нејзините коипии се сметаат за свети и чудотворни, секоја на свој начин.

Иконата Богородица Владимирска се смета за заштитничка на Русија и рускиот народ од непријателите. Таа се слави три пати во годината- 3 јуни, 6 јули и 8 септември, по новиот календар.

Се смета дека историскиот, социјалниот и политичкиот напредок на Русија на светската сцена, настапил откако иконата е донесена во Русија.

Иконата е насликана со темпера и злато на дрво и претставува верзија од Елеуса или “Нежна Богородица” со Исус во рацете.

Се смета дека иконата е насликана од Апостол Лука. До 5 век се наоѓала во Ерусалим, а во време на Теодосиј Помладиот била пренесена во Цариград.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.