Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп преку објава на социјалните мрежи потсетија на обраќањето и ветувањата на актуелниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски.
Во објавата се наброени ветувањата на Јованоски дадени во предизборието за локалните избори во 2017 година, а од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп велат дека речиси ниту едно од нив не е реализирано.
Објавата за кратко време предизвика лавина на реакции од граѓаните кои потврдуваат дека локалната власт многу малку прави за да го реализира она што го ветија.