Американските власти соопштија дека 6 нуклеарни електрани кои се наоѓаат на “патот” на ураганот Флоренс се безбедни, но дека некои експерти не се сигурни за тоа и дека предупредуваат дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи на заштита.
Шест нуклеарни електрани во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат дирекнто на патот на невремето, соопшти Мери Кетрин Грин.
Нуклеарната електрана Брунсвик и електраната Шерон Харис во Северна Каролина, ќе бидат најмногу погодени од ураганот, вели Грин.
Џеф Бјард помошник администратор на агенцијата ФЕМА изјави дека агенцијата не е загрижена за електраните кои се наоѓаат на патот на невремето во овој момент.