Посетителите на популарната колумбиска плажа беа преплашени од огромен крокодил кој излезе од џбуновите.
Неколку момчиња мирно шетаа на плажата, но кога го видоа рептилот, панично се разбегаа. Плажата е дел од природниот парк, па од локалните власти изјавика дека појавата на крокодилот е добар знак.
“Важно е да се запомни дека ова подрачје не е само за луѓето да уживаат туку и за да се заштитат животинските видови”, изјави директорот на паркот Луз Елвир Ангарита.