Видеото од октопод кој ги менува боите додека спие ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а научниците веруваат дека тоа се случува бидејќи октоподот сонува.
Сцената настанала во склоп на документарецот “Octopus: Making Contact”, а прикажан е октопод кој спие во аквариум.
– Ако сонува, ова е драматичен момент. Би можел да раскажвам додека ја менува бојата, би можеле да зборуваме за неговиот сон. Здогледува pak, бојата започнува да се променува малку, а потоа станува целосно темна- тоа го прават кога го напуштаат морското дно. Ова е камуфлажа, оваа боја е како токму да улови pak и сака да го изеде, не сака никој да ја забележи. Ова обично не го гледате животните спијат. Ова е навистина фасцинантно”, вели Дејвид Шил.