Замрзнато, зачувано тело на волк беше пронајдено во северна Канада. Се смета дека волкот живеел пред 56.000 години, соопштуваат канадските научници.
Сокриено во вечниот мраз десетици илјади години, женското младенче волк беше откриено од копачот на злато во Доусон сити.
Канаѓаните го нарекоа “Жур”, што во превод значи волк, по јазикот на староседелците, пренесува БиБиСи.
Научниците велат дека младенчето, чии влакна и заби останале недопрени, е најкомплетната позната мумија на волк.
“Волкот е практично 100% зачуван, единствено се изгубени очите”, вели професорот Џули Мичен за “EurekAlert”.
Користејќи разни технологии, тимот успеал да открие бројни аспекти на животот од животното, почнувајќи од неговата старост и веројатната причина за cmpтта.