Два метра долгата бутна коска е најдена во местото Ангеак , а се претпоставува дека станува збор за диносаурусот сауропод, карактеристичен по долгиот врат и опашка.
Овој вид на диносауруси се смета за најголеми што постоеле. Палеонтолозите велат дека се зачудени од зачуваноста на коската, на која се гледа дури и местото на спојување на мускулите.
„Гледаме каде биле мускулите и тетивите. Гледаме лузни. “ вели Ронан Алан од Националниот природнонаучен музеј во Париз. „Ова е реткост. Обично големите парчиња коска се kpшат поради својата тежина и се распаѓаат.“ , додава палеонтологот.
Сауроподите кои живееле пред 140 милиони години биле тешки меѓу 40 и 50 тони , а се тревопасни животни.