Станарите во зградите во Чонгкинг, град на југозападот од Кина, со години поминувале помеѓу двете згради изградени на стрмната падина, не знаејќи дека под нив се крие џиновска статуа.
Градежните работници неодамна сосема случајно го откриле овој импозантен кип без глава, кој е висок околу 9 метри.
Снимките од оваа мистериозна статуа наскоро се појавија на кинеските социјални мрежи. Многу луѓе сметаат дека се работи за статуа на “Буда”. Кипот е за сега делимично прекриен, а прикажува фигура која седи и во рацете држи голем камен. На статуата се видливи и набори и некои други детали на облека.