Оваа златна рибка плива во својот аквариум и истовремено со него “шета” низ просторијата. Тоа го овозможија студентите на Универзитетот Carnegie Mellon.
“Се собравме еден ден и размислувавме за проект и во тој момент ја здогледавме рибата во нашата куќа. Одлучивме дека е одлично кога и таа би се дружела со нас. Да се реализира таа идеја не беше многу тешко”, вели за “Boredpanda” Закари Њуман, еден од студентите .
Закари вели дека роботот го направиле за 3 дена и дека планираат да го подобруваат.
Ф.Г.