Кога ќе го посетите Острог, ќе слушнете како луѓето викаат “Да одиме кај светецот”.
Се смета дека Свети Василиј е сеуште жив, односно се верува дека неговиот дух сеуште живее во манастирот, но и дека Божје чудо го движи неговото тело. Едно сведочење за тоа го пренесе и владиката Атанасиј на 11 ноември, говорејќи за девојка која била “опседната од бес”, а свештеништвото спас побарало од Свети Василиј.
За несреќната девојка нејзиното семејство спас побарало најпрво во манастирот Житомислич во Херцеговина.
“Ми зборуваа свештениците, овде, во Острошки, дека била доведена една опседната девојка од нашето село Житомислич. И читале свештениците во манастирот молитви, па ме повика игуманот Данило да ме праша што да правиме? Водете ја, реков, кај светецот”, започнува да зборува владиката Атанасиј пред верниците.