На 30 март 1848 година Нијагарините водопади целосно запреа. Водата не течела 30-40 часа, па луѓето започнале да креваат пaниka.
Водопадите уште во тоа време биле голема туристичка атракција, а на реката имало поставено многу млинови и хидроелектрани.
The water flows so quickly at the brink, it’s often the most highly-rated portion of Niagara Falls for visitors to see.
.#SpringTime ? #NiagaraFalls ?? pic.twitter.com/DRIQgbmV40— Niagara Falls Canada (@NFallsCanada) March 28, 2019
Кога еден американски фармер заминал на прошетка пред полноќ, на 29 март, забележал нешто чудно- за прв пат не се слушал звукот на водопадите. Кога се приближил, видел дека воопшто нема вода.
Веќе до утрото владеела целосна тишина. Млиновите и фабриките престанале со работа. Се гледало коритото на реката. Рибите изympeле. Луѓето започнале да одат на подрачјето кое до пред неколку часа било пориено со вода, а пронаоѓале пишtoли и бajoнети кои ги собирале како сувенири.
March 29, 1848 When Niagara Falls Ran Dry https://t.co/tFry7NUtrZ pic.twitter.com/uk9F3cG2Ob
— RickLongJr (@RickLongJr) March 29, 2019
Луѓето започнале да се молат во црквите за водопадите. Никој немал објаснување за овој настан. Дури и американските војници марширале во празното корито, што не било безбедно, бидејќи никој не знаел кога водата повторно ќе се појави.
Меѓутоа, набрзо од градот Бафало стигнала вест дека силните југозападни ветрови ги придвижиле големите ледени блокови до езерото Ири со што се блокирал патот кон реката Нијагара, па на тој начин настанала замрзната брана.
Водата не се појавила до 31 март, а потоа повторно се слушнал звукот од далечините. Одеднаш, целото корито се наполнило со вода. Ледената брана се срушила и реката продолжила нормално да тече.