(Видео) Најскапиот часовник на планетата: Продаден е за 28.25 милиони евра

Единствениот рачен часовник „Patek Philippe“ под ознака „Grandmaster Chime Ref. 6300A-010“ е продаден на хуманитарна акција на компанијата „Only watch“ во Женева за рекордни 28.25 милиони евра!

Тоа било доволно овој часовник да ја понесе титулата најскапиот во цел свет. Претходниот рекорд за најскап рачен часовник на светот го држеше „Rolex Dayton“, кој му припаѓаше на Пол Њуман, а кој во 2017 година е продаден на аукција за 17.7 милиони долари.

“Овој часовник може да прави речиси се’, освен да ви направи кафе”, рече Сабин Кегел, шефица на аукциската куќа “Кристи” во Женева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.