Потрагата по вонземски облици доведе до создавање на многу теории на заговор, а исто така инспирира многу писатели на научна фантастика ширум светот. Веројатно најпознатиот случај кога луѓето виделе НЛО е во 1947 година, кога американската војска случајно снимила вселенски брод. Властите навеле дека тоа е уред за надзор, кој се користи во определени доверливи операции. Љубителите на теории на заговор, како и “ловците” на НЛО се возбудиле кога НАСА забележала дури 6 објекти во движење покрај Меѓународната вселенска станица.
“Ловецот на вонземјани” Тајлер Глочер вели дека иако е снимено од далечина, јасно може да се види дека овие објекти се големи.
Меѓутоа, снимката се прекинува во најважниот момент, па Тајлер баш и не е убеден дека се работи за НЛО, пренесува viralthread.com.
Ф.Г.