Дрвените цигли ви овозможуваат да изградите куќа без ниту еден закован клинец. Овие цигли се обликувани така што куќата ќе можете да ја изградите брзо и лесно.
Две дрвени плочи се спојуваат со посебен дел и на тој начин се добиваат “цигли” кои се составуваат се додека не го добиете крајниот резултат.
Куќата изградена на ваков начин ги задоволува ригорозните стандарди на енергетска ефикасност, пренесува “Машабл”.
Ф.Г.