Во вториот круг на шоуто “Ѕвездите на Гранд” викендов се претстави Кристијан Марковски од Гевгелија кој се натпреварува во тимот на Јелена Карлеуша. Тој ги отпеа песните “Километри” од Влатко Лозаноски и “Ко нам брани” од Петар Грашо.
Насмеан и добро расположен, успеа да пренесе позитивна енергија на публиката и жирито. Во неговата изведба посебно уживаше неговата менторка, а Кристијан беше награден со пет гласови од жирито. Единствено само Марија Шерифовиќ не му даде “ДА”.
Jeлена се симна на сцената да му честита и да го прегрне, среќна за неговиот пласман во следниот круг.
Настапот на Кристијан можете да го погледнете на 2:20:00 во видеото во продолжение: