ВИДЕО – Моментот кога “полуде” цела Франција при погодокот на Гризман

111

Триколорите ја поминаа и претпоследната пречка пред големото финале. Франција ја порази Германија со 2:0 со двата голови на новиот “Наполеон Бонапарта”, како што го нарекуваат младиот Антоан Гризман, и најверојатно ќе ја подигне титулата шампион на Европското првенство, имајќи во предвид дека Португалија не покажа некаква спектакуларност во својата игра.

Натпреварот помеѓу Франција и Германија се следеше и пред Ајфеловата Кула во Париз, каде илјадници Французи направија страшна атмосфера.

Погледнете го моментот и громогласноста при првиот погодок на Антоан Гризман:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.