На социјалните мрежи синоќа граѓаните реагираа со пораки дека на небото над повеќе македонски градови се случувало вистинска “мистерија”.
По статуси се појавија најразлични “теории на заговор”, дека се работи за метеори, дронови…., но вистината е сосема друга.
Се работи за нова класа на телекомуникациски сателити таканаречени “Старлинк” сателитите кои се во сопственост компанијата Спејс Икс (SpaceX), чиј сопственик пак е Елон Маск.
Kaко што објаснуваат од “Скопското астрономско друштво”, оваа глетка е поттикната од тоа што се лансираат по 60 сателити одеднаш и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити, а во план е во иднина да бидат лансирани 12 000.
Првите 60 сателитеи компанијата “Спејс Икс” во вселената ги испрати во мај минатата година. Целта на овој потфат како што пишува “Си-Ен-Ен”, е создавање мегаконстелации кои на светското население може да му овозможат евтин широкопојасен пристап до интернет.
Според она што се ширеше на социјалните мрежи глетката била најдобра во Скопје, но ниту прилепчани не останаа рамнодушни на оваа појава и објавуваа фотографии и видеа.
Еве едно такво:
Граѓаните велат дека светлечките објекти на небото најпрво биле во редица едно до друго, а потоа се разделиле во различна форма.
Движењето на “Старлинк” сателитите можете да го следите на следниот ЛИНК
Скопското астрономско друштво има напишано многу интересна анализа за тоа зошто и како граѓаните грешат во толкувањето на појавите на небото.
Статијата можете да ја погледнете ТУКА