Четворица археолози аматери пронајдоа повеќе од 550 монети во Бакингемшир. Меѓу кованите монети има и 12 многу ретки златници кои датираат од 14 век.
Се верува дека оваа ризница е закопана пред 600 години, а археолозите ја открија со помош на детектор за метал.
Монетите сега се чуваат во музеј како би се проценила нивната вредност, но ќе бидат продадени и добивката ќе се подели меѓу наоѓачите и сопственикот на имотот.