Братската Бугарија нема да ја поддржи Македонија за старт на преговорите со Европската унија, соопшти денес премиерот Зоран Заев.
На ова жестоко реагираа од опозиција и тврдат дека Заев не само што ја потценил интелегенцијата на граѓаните, туку дека ги манипулира и соседните држави, а со тоа прави огромна штета врз националните интереси на Македонија.
За тоа како Заев ги променува ставовите најдобро можете да видите на видеото кое на Твитер го сподели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Заев личи на биполарна личност, лажофчина кој ја потценува интелегенцијата на граѓаните пред и после избори,
ги манипулира и соседите пред и после "братските" средби со нив и
прави ненадоместлива штета на националните интереси на Македонија и македонскиот народ! pic.twitter.com/krz6wyWq5o— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) November 6, 2020