Претседателот на Владата, Зоран Заев во придружба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец, во саботата извршија увид во градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“. Во својата изјава, премиерот Заев потенцираше дека заложбите на Владата се да има што повеќе инвестиции во овој дел од државата, за што доволно зборува фактот дека висината на средствата за проектите кои во моментов се во фаза на реализација во Пелагонискиот регион, со посебен фокус на Прилеп, изнесуваат околу 50 милиони евра.
Заев: Висината на тековните инвестиции на Владата во регионот на Прилеп изнесуваат 50 милиони евра
Наспроти ваквото излагање на Заев, денеска претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, истакна дека инвестициите на Владата во Прилеп биле 17 милиони евра.