Лондон утрово се разбуди во кapaнтин. Улиците на еден од најголемите градови во светот изгледале како да се снима апокалиптичен филм.
Надвор речиси да немало никој, само неколку работници во подземната железница и толку. Метеж се создава само пред продавниците, поштите и аптеките.
Најблиските сојузници на Велика Британија ги прекинале сообраќајните врски со земјата од страв од новиот сој на кopoнавиpycoт, предизвикувајќи xaoс кај претпријатијата само неколку дена откако Британија ја напуштила орбитата на ЕУ со трговски договор или без него.
Конечно, британската влада одучила во Лондон и некои други градови на југот и истокот на Англија да воведе целосна блокада за да се обиде да го спречи ширењето на зapaзата.
Четвртото ниво на заштита подразбира затворање на сите продавници кои не се неопходни за живот.