(Видео) Лапсус на векот од Заев: “Сакам Европа да остане најcekси девојка во светот”

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

На денешната средба канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Македонија како членка на Европската Унија. Таа го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за нашата земја и рече дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Македонија, пренесува Магазин.мк.

Премиерот Заев доби честитки за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал.

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија.

Премиерот рече дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите.

На панелот денеска покрај Премиерот Заев зборуваа и Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и Антонио Тајани, Претседател на Европскиот Парламент.

Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев.

Видеото преземено од 21ТВ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.