(ВИДЕО) Кој не би сакал да има вакво нешто: Направен првиот летечки мотор

motocikl_lebdi-696x398

Спој на мотор и хеликоптер кој неодоливо потсетува на возилото Stormtrooper од “Star Wars”.

Руската startup компанија “Hoversurf” го тестираше првиот летечки мотор со име “Scorpion 3”. Станува збор за стандарден мотор кој е дизајниран со технологија на дрон, која возејќи овозможува да се полета и со возилото да управувате во воздух.

“Scorpion 3” може да поднесе тежина од 120 килограми и предвиден е само за еден човек. Лета на висина до 10 метри, а може да достигне брзина од 50 километри на час. Функционира со помош на струја или хибридна батерија. Со стандардниот погон по полнењето може да се лета околу 27 минути, а со хибридната батерија летањето може да се продолжи за уште два часа.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.