Ања Отли е малечко девојча од САД кое има дијагностицирано рак на бубрезите. Малата херојка како што ја нарекуваат по социјалните мрежи досега има посетено 28 хемотерапии, а болеста и била дијагностицирана во ноември минатата година.
Неодамна девојчето било присутно на една свадбена прослава на пријатели од нејзините родители и го запеала познатиот хит на Rachel Platten “Fight song” (Борбена песна), a видеото од нејзиниот настап преку ноќ стана вирално во целиот свет.
Овој месец Ања ќе ја посети последната терапија, а потоа ќе има забава на која ќе ја изведе истата песна.
Погледнете го видеото кое истовремено ќе ве растажи и мотивира: