Сите очи се насочени кон Корејскиот полуостров. Има информации кои покажуваат дека Северна Кореја подготвува уште една проба на нуклеарно оружје, можеби уште сега, во април.
Ако Пјонгјанг направи проба, светот ќе го сфати тоа како провокација. Стратфор анализира можни сценарија.
Додека тензиите се зголемуваат, Кина ја нагласи важноста на дипломатијата и спречувањето ситуацијата да ескалира и да стане “неповратна и неконтролирана”.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за сега се потпира на “млитави” средства како што се дополнителни санкции и зголемување на регионалните ракетни одбрани, за да се намали нуклеарната амбиција на Северна Кореја. Но Вашингтон потврди дека сите опции се отворени.
По ракетниот напад во Сирија на 6 април, САД се подготвени и за еднострана воена акција. Со оглед на напорите Северна Кореја да ја унапреди нуклеарната програма, администрацијата на Трамп ќе мора внимателно да го одреди ризикот од потенцијалниот воен напад.
WATCH: @POTUS talks North Korea, China and immigration | @ainsleyearhardt pic.twitter.com/sx4zPIYBay
— FOX & friends (@foxandfriends) April 18, 2017
Ф.Г.