Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, се најде на насловната страница на февруарскиот број од модното списание “Вог”, но нејзиниот тим тврди дека постои проблем, бидејќи фотографијата не е таа што ја избрала Харис.
Наместо синото одело кое Харис го носеше на фотографирањето, првата Афроамериканка избрана за потпретседателка, на фотографијата носи “поопуштена” облека, пренесува АП.
Канцеларијата на идната потпретседателка одби да даде официјална реакција, а претставниците на “Вог” не одговорија на прашањата од медиумите.
Vice President-elect @KamalaHarris is our February cover star!
Making history was the first step. Now Harris has an even more monumental task: to help heal a fractured America—and lead it out of crisis. Read the full profile: https://t.co/W5BQPTH7AU pic.twitter.com/OCFvVqTlOk
— Vogue Magazine (@voguemagazine) January 10, 2021