(Видео) Како лажеше Зоран Заев дека нема да има двојазични унифopми

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред три години додека ја претставуваше програмата на идната влада предводена од СДСМ посочи дека нема да има двојазични униформи, пренесува Инфомакс.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно.

Претходно, лидерот на СДСМ рече дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.

Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук денес објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.

„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.

Виедеото можете да го погледнете ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.