Изложувањето на воената опрема на армијата на САД во централен Кишињев за време на прославата на Денот на победата на 9-ти мај со сигурност ќе ги зголеми тензиите во Молдавија како земја во која се одржуваат контроверзните „Драгон Пионир“ воени игри во кои се вклучени 198 војници на САД и 165 Молдавци, велат политичарите и експертите од земјата.
Бившиот заменик-министер за надворешни работи на Молдавија, Валери Осталеп, го објаснува овој чекор како провокативен.
„Секако, Американците се потполно свесни за домашната ситуација во Молдавија. Ова е уште една компонента од политичката битка на Вашингтон во регионот. Западот константно ја води оваа војна. Евидентно, ова има повеќе врска со Русија, не со Молдавија“.
Политичкиот аналитичар Јури Рошка на потегот гледа како „планиран акт кој е дел од Американскиот конзистентен обид да ги растури пријателските односи помеѓу Русија и останатите нации во регионот“.
Според него, властите во САД „ја туркаат Молдавија кон катастрофален пораст на домашните тензии. Нестабилност, хаос, судири, омраза помеѓу различни социјални групи во земјата и дипломатска војна – ова се целите кои „партнерите на Молдавија“ ги имаат“.
Американските трупи не добија топло добредојде во Молдавија, откако дузина локални жители го блокираа патот и скандираа „НАТО, оди си дома!“ додека тие со нивните возила се движеа кон патот Негрешти.