(ВИДЕО) Како да се движите по мраз и снег, а да не паднете

screenshot_1-16-640x419

Поларен бран ја зафати цела Европа, а мразот и снегот ќе ни бидат главните непријатели наредниве неколку денови.

Германски лекари им откриле на граѓаните кои мора да излегуваат на тешки временски услови, да одат како пингвини – да ги рашират стапалата, а тежината да ја префрлат на предниот дел од ногата, по целата површина од стапалото.

Исто така, се препорачува да се прават мали чекори или да се оди на места каде што некој претходно поминал. Одете на проверени патишта за да избегнете несакани последици.

Ако мора да носите тежина, носете ранец за рацете да ви бидат слободни. Бидете добро одблечени за да ги избегнете повредите при евентуален пад.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.