Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, а сега и жесток критичар на политиките на премиерот Заев, особено по неговите скандалозни изјави за бугарски медиуми, објави видео од седница во бугарскиот парламент по окупацијата на Македонија во 1941 година.
“Бугарската администрација” која ги ослободила овие територии според Заев, сепак била во тесна соработка со нацистичka Германија на Адолф Xитлep.
– Господа народни претставници ќе ви се обрати премиерот. Ќе даде изјава во врска со заземањето од страна на нашите вoeни сили и администрација на новоослободените бугарски територии, рече претседателот на парламентот.
Веднаш потоа бугарскиот премиер ја изрази големата благодарност кон лидерите на Оската и нивната помош за остварување на бугарските идеали.