И кога е празен Прилеп има една маана, најубав е!
Зоран Пилоски и “Фан Продукција” направија едно прекрасно видео од прилепските улици, плоштади, паркови и знаменитости за време на полициски час.
Видеото има наслов “Tишина” и прикажува како изгледа градот празен, со затворени дуќани, без автомобили, а само пајките и птиците се декор за целата тишина.
Но, сигурно ќе се согласите и кога е празен Прилеп е прекрасен…
Видеото завршува со зборовите: “Tишината ќе ја снема, градот одново ќе живее”.