Според податоците на интердисциплинарнит тим на италијански истражувачи, повредата на ногата на скелетот стар 2.000 години, кој е пронајден во римски гроб во северна Италија, е редок доказ дека се разботи за погубивање со распнување.
Иако тоа е широко потврдено во историските списи – вклучувајќи ја и Библијата (Нов завет) – ова е уште еден археолошки доказ за бруталниот облик на смртна казна која Римјаните ја практикувале против криминалци, како и револуционери за каков што го сметале и синот Божји Исус Христос.
Ова откритие е засновано на новата анализа на скелетот кој е откриен во 2007 година, за време на ископувањата на изолирана гробница.
– Важноста на откритието лежи во фактот што ова е втор документиран случај во светот- истакна еден од истражувачите.
Иако Римјаните долго време го “усовршувале” и практикувале овој вид на погубување, тешкотиите во чувањето на оштетените коски и анализата на повредите, сметаат во препознавање на тоа дали жртвите биле распнати.