ВИДЕО – И ДРАКОНСКИ казни се малку за вакви постапки!

2121

Kратко траеше сјајот на новите возови. Вака извести денес Канал 5 телевизија. Причина уништувањето на новите возови, што од неодамна се пуштени во сообраќај. Возовите кои граѓаните ги дочекаја со воодушевување, најверојатно на поединци им сметаат и наместо да уживаат во комфорот, удобноста и поголемата брзина во возењето, тие размислуваат како да направат штета и наоѓаат задоволство во уништувањето на она што е национално добро и купено и со нивни пари.

Дури и ДРАКОНСКИ казни би биле премалку за ваквите сторители. Едноставно запрепастува фактот каков однос имаме кон нешто што вреди, што е ново и што пред се е од значење за целата држава. После огромен временски период се вложија милионски суми за обновување на железницата и нејзино осовременување, но залудно.

Време е да се свестиме дека кога една Влада прави нешто од интерес на сите граѓани, не треба да ја гледаме политичката определба на луѓето на власт. Таквите заложби и остварени дела треба да се негуваат и да се чуваат за наредни генерации.

Македонија е мала земја и финансиски не е моќна да купува нови возови секоја година, тоа треба да им биде јасно посебно на ваквите ситни хулигани кои лечат комплекси преку оштетен прозор, врата, седиште…..

Повикуваме на откривање на сторителите и изрекување на заслужените казни !

А.Г.

Извор: Канал 5 телевизија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.