(Видео) Извонреден настап на прилепчаните на плоштадот “Магнолија” во Битола: “Октет Прилеп” и Викторија Стојческа

Во рамки на манифестацијата “Илинденски денови” која од вчера започна во Битола, синоќа на плоштадот “Магнолија” свој настап имаше и “Октетот Прилеп”, кои се претставија со дел од својот богат репертоар.

Заедно со Октетот настапи и младата вокалистка Викторија Стојческа, дипломиран соло пејач на Музичката академија во Скопје.

Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Тие се едни од најголемите амбасадори на Прилеп. Досега имаат издадено неколку албуми.

Во продолжение уживајте во нивниот настап:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.