Koнечно мрднаа работите кај градилиштето на мостот во населбата Сточен пазар во Прилеп
После речиси една година раскопина, денеска одново започнаа работите на мостот на Градската река во Прилеп, во населбата Сточен пазар.
Првичниот договор за изградбата на овој мост чинеше неверојатни 30 милиони денари, или околу 500 илјади евра.
Работите најпрво започнаа минатото лето, а реакциите на граѓаните и денеска се громогласни кога ќе се спомне издвоената сума за проектот.
Пред извесно време од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објавија анекс договор за изградбата на мостот за кој велат дека првичниот договор пораснал за дополнителни 11.863.998 денари.
Објаснувањето на Јованоски денеска на ова пред новинарите беше дека се работело за шпекулација и дека изградбата ќе чинела 35 милиони денари или 574.000 евра. Јованоски притоа својата изјава не ја поткрепи со документи и докази, туку истакна дека првичниот договор од минатата година не бил целосно реализиран и дека договорот од лани се надополнил со нов договор оваа година, па сега вкупната сума била таа.
Доцнењето на изградбата на мостот Јованоски го оправда со тоа дека при почетокот на работите излегло поголемо количество на вода од тоа што очекувал проектантот, како гејзер, и немало услови да се продлжи со темелеење на мостот.
Тој вели дека мостот кај Сточен пазар ќе бил најголемиот и најубавиот мост.
Еве како пред почетокот на работите изгледаше мостот: