Вчера наутро беше запален џипот на познатиот стилист Арменд Рамадани пред неговиот дом. Се работи за џип од марката „Опел Антара“ и причинето е голема материјална штета.
Случајот во полиција и пожарна го пријавиле неговите соседи, а неколку минути по опожарувањето се појавил и стилистот кој вели дека лично бил сведок на немилиот настан.
Вели дека и претходно сторителите се обиделе да го запалат и неговиот салон, но дека не успеале во намерата.
Побара од надлежните институции веднаш да го расветлат случајот. Од МВР велат дека работат на целосно расветлување на случајот.
ВИДЕО: “ТВ 21”