Столбот на животот или Столбот Качи е природен варовнички монолит во истоименото село во западниот дел од Грузиија.
Висок е околу 40 метри, а на неговиот врв се наоѓаат остатоци од црквата Свети Максим Исповедник која потекнува од 9 или 10 век, вински подрум и остатоци од некогашно утврдување.
Целиот простор на врвот зазема само 150 метри квадратни, а со оглед на тоа дека постои лифт, до него може да се дојде со помош на раце, нозе и малку среќа.
Првото забележано качување се случило во 1944 година, кога планинарите Александар Јапардзе и Леван Готуа на врвот го пронашле телото на последниот жител.
Се претпоставува дека станува збор за место на тивка контемплација и молитва, наменето за луѓето кои сакале да се одвојат од остатокот на светот.