(Видео) “Животот лета, капетане”: 27 години без кошаркарскиот “Моцарт” Дражен Петровиќ

На денешен ден пред 27 години светот се раздели со Дражен Петровиќ, “кошаркарскиот Моцарт” и идолот на младите од овие простори во 80-тите години на минатиот век.

Имаше уште многу што да и покаже на светската и НБА сцената, но сообрќајната нecpeќа во Германија беше фатална.

Петровиќ го загуби животот по враќањето од Ворцлав, каде ја одигра последната утакмица како репрезентативец на Хрватска против селекцијата на Словенија во квалификациите за Европското првенство.

Тој одлучил да не се враќа заедно со екипата, туку заедно со неговата девојка, германската манекенка Клара Шаланци, која управувала со автомобилот, и со турската кошаркарка Хилал Едебал.

Шаланци денес е сопруга на поранешниот германски фудбалер и актуелен спортски директор на германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бироф, а Едебал, нејзината другарка од детството, сеуште има пocледици од нecpeќата.

Дражен Петровиќ роден е на 22 октомври 1964 година во Шибеник – 7 јуни 1993 година Денкендорф. Кариера: Шибеник, Цибона, Реал Мадрид, Портланд, Њу Џерси Нетс. Репрезентации: Југославија, Хрватска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.