Од осум кандидати за градоначалници во вториот круг во општина Долнени силите ќе ги одмерат Урим Ибески од ДУИ и Аднан Џафероски од СДСМ.
Кандидатот на ДУИ освои најмногу гласови во првиот изборен круг, а најголема поддршка нивниот кандидат доби во населените места Црнилиште, Дебреште и Житоше.
Во неделата вечерта се славело насекаде, а во Дебреште кое е едно од најголемите населени места во општина Долнени се извикувало “УЧК, УЧК…”.
Видео снимките од прославата во Дебреште предизвика револт кај останатите етникуми во оваа мултиетничка општина во Пелагонија.
Прослава на ДУИ во долненско Дебреште …. се извикувало УЧК, УЧК… pic.twitter.com/3yThcc7nR3
— Big Cojones (@BigCojones6969) October 23, 2021