Еден од најконтроверзните голови во историјата на фудбалот, го постигна Диего Армандо Марадона на мечот против Англија.
Се играла 55 минута кога “Ел Гранд Диего” ја примил топката и како кондор се фрли во шеснаесетникот на “остоврјаните”, се останато е историја. Марадона обезбеди полуфинале за “гаучосите” и ја испиша фудбалската историја.
Напрво големиот Марадона го измами голманот на Англија, а потоа и судијата. Аргентинецот со рака ја внесе топката во мрежата на голманот Питер Шилтон, но рекција на судијата Бин Насер и неговите помошници немаше.
Четири минути покасно следуваше нов шок. Марадона ја прими топката по додавањето од Ектор Енрике. Претрча речиси 60 метри за 10 секунди, измами четворица противнички играчи, а потоа и голманот и го постигна голот на векот.
Само четири минути по познатата “Божја рака”, Диего Армандо Марадона втор пат ги матираше Англичаните, го воодушеви фудбалскиот свет и ја одведе својата репрезентација во полуфинале на Светското првенство во Мексико.